На ФИНКИ инсталирана лабораторија за интелигентна роботика

Од:

На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска беше промовирана Лабораторија за интелигентна роботика, во која Владата инвестираше 300 илјади евра.

Таа е прва современа лабораторија на ФИНКИ која ќе им помогне на студентите, професорите, постдипломците и можеби на оние што се на докторски студии полесен пристап за изработка на одредени апликации и развивање модели. Им даваме можност на многу талентирани луѓе и на посветени професори да ја искористат оваа опрема и за фундаменталната наука, но со тек на време, во соработка со домашни и странски компании, и за апликативни цели за примена во индустријата, изјави премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерот за образование и наука Панче Кралев ја посети лабораторијата што неодамна е инсталирана на ФИНКИ.
Во лабораторијата беа претставени андроидни роботи, со способност за маневрирање и лесно управливи, со вградени камери и 3Д ласерски скенер. Раководителот на лабораторијата Андреја Колаков изјави дека таа е од огромна помош и корист зашто студентите сега ќе можат и практично да ги вежбаат алгоритмите кои претходно ги правеле само преку симулации.

Се надеваме дека во следните години ќе создадеме кадар способен да се носи со предизвиците на новата технологија. Примена на роботика може да се најде во фабриките во новите технолошко-индустриски развојни зони, но и кај домашни фирми кои почнуваат да развиваат свои роботи, рече Колаков.

Интелигентната роботика, која се користи во индустриски развиените земји како Јапонија, Израел, Шведска…, се применува во различни области. Во мисии за спасување може да ја мапираат околината во тешко пристапни зони, се употребува во помошни технологии – за работа со деца и со постари луѓе, во агромеханика – за искоренување плевел во ниви или уништување инсекти без употреба на пестициди, а со помош на сензори и камери…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија