На ЕНЕР поставен нацрт закон за прогласување дел од Шар Планина за национален парк

Од:

Нацрт законот за прогласување дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II – Национален парк, како и Нацрт- извештајот за проценка на влијанието на регулативата  од денеска се достапни на Единствениот електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР) www.ener.gov.mk, како и на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање на следниот линк:https://bit.ly/3hF51tR.

Според роковите на ЕБЕР, нацрт извештајот за законот треба да се достави до Министерството за информатико општество и администрација до 24 месецов, а следниот месец предлог закон до Генераланиот секретаријат на Владата.

Во целите за нацрт законот пишува дека со неговото донесување ќе се овозможи проширување на мрежата и процентот за заштитени подрачја на територијата на државава и ќе се подобри управувањето и планирањето со заштитеното подрачје со цел зачувување на неговите природните вредности.

Делот од Шар Планина во нашата држава кој е предмет на валоризација, има површина од 697,8  километри квадратни (без територијата на НП Маврово). Вкупната површина нa предложеното подрачје за заштита (ПЗП)-Националниот парк Шар Планина изнесува 54.215 хектари, согласно Студијата за валоризација на Шар Планина (2020). Заради исклучителните природни вредности, делови од Шар Планина се идентификувани како едни од најзначајните подрачја за зачувување на природата на национално, регионално и европско ниво. Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк ќе се овозможи унапредување на заштитата, зачувувањето и одржливото користење на природните вредности и зголемување на површината на заштитени подрачја на национално ниво за околу 2,1 процент односно од сегашните 8,9 проценти на 11 проценти, стои во нацрт  документите.

Меѓу останатото се потенцира дека Шар Планина претставува и потенцијално идно Натура 2000 подрачје. Се укажува и дека Шар Планина веројатно е најистражуваната планина во нашата држава од аспект на биолошката разновидност и другите природни вредности. Само за видовата разновидност (флора, фауна, фунгија) за Шар Планина се објавени околу 600 научни трудови во кои се наоѓаат податоци за над 4.300 видови.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски