На двајца работници во Охрид им се урна плоча на глава

Од:

Двајца градежни работници од Охрид едвај останаа живи откако утрово им паднала дел од плоча од куќата на која што работеле во охридската наслеба Рача. Од ударот работниците се здобиле со тешки телесни повреди, но во моментов се надвор од животна опасност.

Тие веднаш се пренесeни во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо. Ударот бил толку тежок раскажуваат очевидци зад камера што во извлекувањето на двајцата градежни работници кои заглавиле под урнатините од плочата интервенирале возила на противпожарната служба од Охрид. Постариот работник кој е на возраст од 71 година се здобил со потешки повреди. Станува збор за Миле Папунцоски и Борис Митрески.

„Се работи за тешка телесна повреда на карлицата кај еден од пациентите. Што се однесува до другиот пациент и тој е под опсервација. Се работи за повреда. Во моментов не се загрозени. Едниот пациент на 71 година, додека другиот е помлад и има 40 години. Постариот пациент е во потешка ситуација и врз него имало непосредно паѓање на тој градежен материјал“, изјави доктор Љубомир Богоевски од болницата Свети Еразмо во Охрид.

Објектот од кој паднаа работниците според кажувањата на жителите е во сопственост на наши иселеници кои живеат во Австралија. Веднаш дојдоа брза помош, полиција и основен јавен обвинител.Од Свети Еразмо информираат дека двајцата работници под постојан мониторинг ќе бидат во наредните 24 часа. Случаи кога градежни работници паѓаат од објектите каде што работат станува се почеста појава во Македонија.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски