Евро-атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) во соработка со правниот факултет на Државниот универзитетот во Тетово денеска ја организираа првата од вкупно четири планирани трибини на тема „Влијанието на процесот на евроатлантските интеграции во меѓуетничките односи“.
Целата на трибините е да се отвори и дискусија со повеќе фактори за темата на евроатлантската интеграција и меѓуетничките односи во Република Македонија.
Според заменик министерот за одбрана Беким Максути иницијативата за вакви активности започнала уште минатата година во соработка со АТА Македонија и веќе ги дава своите позитивни резултати.
– Ние како држава веќе го завршуваме 17 – тиот циклус и ќе го отпочнеме 18 -тиот со кои продолжуваме да работиме на реформските задачи и препорачаните цели што НАТО ги бара од Македонија. Останува спорот со името со Грција, но ние не застануваме тука бидејќи политиката на евроатланскиот клуб останува да ги промовираме нашите идеи и созанија кај различните етнички групи и постојано да ги освежуваме познавањата за тоа, изјави заменик министерот Максути.
Претседателот на АТА Македонија Исмет Рамадани посочи дека станува збор за чувствителна но и интересна проблематика.
– Сите студии и праксата покажуваат дека колку сме поблиску и наближуваме до ЕУ и НАТО така се подигаат и меѓуетничките односи.Сите земји членки на овие организации ги имаат унапредено овие состојби преку една мултиетничка доктрина што приденесува за напредок во мултиетничките односи. Доколку ние се стремиме кон овие стандарди на ЕУ и НАТО што пак се доплнуваат меѓусебе занчи одиме кон демокртаски односи, правда, слобода на медиуми што повторно дава основа за хармонични меѓуетнички односи, рече Рамадани.
Во однос на состојбите со односот на политичарите во државата кон ова прашање Рамадани рече дека политичарите ќе мора да одговорат на желбите и определбите на граѓаните бидејќи според него околу 80 отсто од граѓаните во Македонија се за проатлатнска и проевропска организација како системи што гарантираат правда, демократија и економски развој
За претседателот на бизнис клубот на АТА Македонија Трифун Костовски целта на трибината е пред студентите и професорите од ДУТ да покажат дека иднината на државата е во меѓусебно разбирање и соживот.
– За унапредување на меѓуетничките односи потребна е макотрпна работа од политичарите кои мора да ги практикуваат овие определби бидејќи меѓусебното почитување е основа за напредок, подобра иднина но тоа бара основата да биде дека сите граѓани во државата се еднакви пред законот без разлика на вреското или националното потекло. Овие принципи се вклопени во функционирањето на ЕУ и НАТО дури и на примерот на Белгија каде имаме одредени недоразбирања помеѓу Валонците и Фламанците системот функционира. Кај нас немаме нагорна линија на овој план бидејќи сме затворени во своите ентитети и партиите се со етнички предзнак и затоа имаме потреба од политичари со визија кои ќе работата за нејзино остварување, изјави Костовски.
Во рамки на трибината претставување на резултатите од истражувањето за влијанието на евроатлантскиот процес врз меѓуетничките односи во Македонија извршија Илија Џугуманов и Марија Јанкуловска како членови на Претседателство на АТА Македонија со напомена дека по завршувањето на уште три вакви трибини на крајот од месецов или на почетокот на идниот ќе има завршна конференција во Скопје на која ќе бидат претставени сите резултати и дискусии од трибините што ќе бидат објавени во една заедничка публикација.