На ДУТ претставени програмите „Еразмус плус“ и „Еуропас“

Од:

Претставници на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денеска на Државниот универзитет во Тетово ги претставија можностите на програмите „Еразмус плус“ и „Еуропас“.

Раководителот на секторот за високо образование во Националната агенција Александар Богојевски истакна дека програмата „Еразмус плус“ трае седум години од 2014 до 2020, односно 2021 година и оти по овој период ќе биде унапредена и под друго име со цел да овозможи поголема мобилност за студентите и академскиот кадар од универзитетите.

– Од Државниот универзитет во Тетово секоја година се зголемува бројот на пријави од страна на студентите и од страна на професорите за тренинг и обуки во странство. Од буџетот за оваа намена во висина од над 14 милијарди евра на ниво на Унијата, околу 40 проценти се наменети за високото образование што треба да овозможи европска соработка во полето на образованието и обуката како и одржливиот развој на партнерските земји во полето од високото образование, појасни Богојевски.

Присутните во амфитеатарот на ДУТ имаа можност да постават прашања околу можностите за учество во програмите „Еразмус плус“ и „Еуропас“.

Би можело да ве интересира

Али Ахмети стана почесен доктор на Тетовскиот универзитет, Груби вели: таква личност нацијата ретко раѓа

Жарко Настоски

„Тргни ги новинарите ми кажаа“, обезбедувањето ги замоли новинарите да ја напуштат зградата

Васко Маглешов

На новинарите не им беше дозволено да ја следат дисциплинската постапка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов

Промоција на „Македонски мултиетнички јазли – битки за едно или две општества“

Ана Ололовска

Петта меѓународна балканска конференција за спортски науки на ДУТ

Ана Ололовска

Студенти од ДУТ на пракса во ЕЛЕМ

Ана Ололовска