На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

Од:

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија излизган на пат кон Приштина. Автобусот два дена стоел покрај автопатот.

Косовскиот портал „Дреница прес“ лани на деветти март известил дека со полиција и кранови се извлекува автобус на оваа компанија.

„Иако инцидентот се случи вчера, полицијата денес се обидува да го повлече автобусот. ’Дурмо турс’ сообраќа секојдневно од Скопје до Приштина и обратно. Не е познато дали имало повредени патници“, јавил пред речиси една година овој косовски медиум.

Министерството за транспорт и врски денес информираше дека „Дурмо турс“ има 18 линии за меѓународен превоз и 36 сертифицирани возачи, покрај меѓуопштинската линија Скопје – Гостивар на која се случи несреќата во која загинаа 14 лица.

„Дурмо турс“, според Министерството за транспорт за меѓународниот и за меѓуопштинскиот превоз, има вкупно 40 автобуси.

Министерството за внатрешни работи денес потврди дека сопственикот на „Дурмо турс“ сам себе си прави технички преглед оти покрај на туристичката агенција, Дурмиш Белули е сопственик и на станицата за технички преглед на возила „АМЗ – Гостивар“. Белули денес не сакаше да одговори на прашањата од „А1он“ за несреќата и за техничкиот преглед на автобусите.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он