„Дурмо турс“ последен пат контролиран од Инспекторатот за транспорт пред 3 месеци

Од:

Државниот инспекторат за транспорт последна контрола на автобус на компанијата „Дурмо турс“ направил лани во ноември. Инспекторите утврдиле дека има уредна документација, но возачот добил казна поради непочитување на возниот ред.

„Инспекторите констатирале дека автобусот е сосема исправен во однос на она што ние го контролираме. ‘Дурмо турс’ има лиценца со важност од пет години за меѓународен и меѓуопштински превоз, има дозвола, а имале и потврда за техничко-експлоатациони основи, документ што го издаваат станиците за технички преглед. Контролата е извршена на 16.11. 2018 година на автобуската станица во Кичево. Возачот добил казна за непочитување на возниот ред, односно застанал да прими патници на место што не е предвидено за застанување“, изјави директорот на Инспекторатот, Руфат Хусеини, за „А1он“.

Тој вели дека казни за непочитување на возниот ред, што подразбира застанување на недозволени места или ненавремено тргнување, имаат сите превозници во Македонија.

Од компанијата „Дурмо турс“ се недостапни за коментар. Никој не одговара на телефоните што стојат на нивната веб-страница.

Доцна синоќа Министерството за транспорт и врски кусо соопшти дека „Дурмо турс“ има лиценца за превоз на патници кога автобус на оваа компанија излета од автопатот, се преврте, а во несреќата загинаа 14 патници.

 

Маја Илиевска-Пачемска

 

 

Би можело да ве интересира

12 загинати, 44 повредени во две сообраќајни несреќи во Турција

Се преврте камион со бегалци, 18 мртви, меѓу загинатите се 10 деца

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски