На домашно лекување одат 12 пациенти од вкупно 39 болнички згрижени по трагедијата во Кочани

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани. Од оние кои се лекуваат во странство, денеска се очекува едниот пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото лекување во Скопје.

Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

– За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период, рече Таравари на прес-конференција.

Од болниците во земјава, како што посочи, на Детска хирургија нема да има пациенти, а остануваат пациенти на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија. Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ ќе останат на лекување шест пациенти.

Би можело да ве интересира

Судење „Пулс“: Сведокот Паунов вели „на влезната врата имаше заглавени повеќе лица кои бараа помош“

Горан Наумовски

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Одбраната на дел од обвинетите во „Пулс“ бара преиспитување на обвинението, Шилегов вели „за мене е извесен исходот со ваквиот став на ОЈО“

Гостин од „Пулс“ сведочи: Пожарот не го забележавме веднаш, пред излезот настана стампедо

Брат на жртва од „Пулс“ сведочеше: Работев како келнер без договор кобната вечер

Судијката во процесот „Пулс“ – Груевска Илиевска порача: Редот и правото на одбрана се основа на фер судење

Горан Наумовски