На Даскаловски му престана мандатот, Христов нов претседател на Советот на општина Струмица

Од:

Советот на општина Струмица, на денешното продолжение на петнаесетта седница, донесе решение со кое се констатираше престанок на мандатот на претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, согласно член 46 од Законот за локална самоуправа. Во своето обраќање пред членовите на Советот и пред медиумите, Даскаловски рече дека му било чест и задоволство што пет години беше претседател на еден од најдобрите Совети во Република Македонија и што работеше заедно со најдобриот градоначалник, Зоран Заев.

-Заминувам од претседателското место на Советот, гордо и достоинствено, затоа што во изминатите 5 години, заедно со неговите членови и со градоначалникот Зоран Заев, работевме напорно и успешно за доброто на граѓаните. Со нашите одлуки, а кои ја изразуваа волјата на граѓаните, го променивме ликот на нашата Струмица, направивме од неа модерен и европски град, општина со која сите се гордееме и која стана најпосакувано место за живеење во Република Македонија.
Почитувани, морам да кажам дека моето заминување не е по сопствена волја, туку е резултат на нефункционирањето на правото во оваа држава.

Власта на Никола Груевски ги згази и Уставот и законите и насилно ги верификуваше мандатите на пратениците на опозицијата. А со тоа го згази, со Устав загарантираното право на избор, мој и на моите колеги. Но, ова насилничко однесување на власта нема да не исплаши и предомисли. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува цврсто на ставот за враќање на демократските институции и создавање услови за одржување на слободни и фер избори на кои ќе се почитува вистинската волја на граѓаните на Република Македонија. Јас ја имав честа да го водам најдобриот Совет во државата, се надевам и верувам, дека тој таков ќе биде и во наредниот период, рече Даскаловски.

За нов член на Советот е избран следниот кандидат од листата на коалицијата „Сојуз за иднината“, д-р Наќе Гогов, а за нов претседател на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, досегашен член на Советот од истата коалиција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

Филипче: СДСМ во Струмица има одличен кандидат за градоначалник

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави Мицкоски

Горан Наумовски