На Бугарските воени гробишта во Ново Село ќе се одбележи денот на Бугарската Армија

Од:

Во организација на Фондацијата „Бугарска памет“ на Бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село денеска ќе се одбележи „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

На настанот ќе присуствува бугарскиот претседател Румен Радев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, претставници на локалната власт и граѓани од двете земји.

Најавено е присуство и на поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, како и на претставници на Бугарската православна црква.

Според организаторот, Фондацијата „Бугарска памет“ на доктор Милан Врабевски, одбележувањето на Денот на храброста-6 Мај е добар пример за празнична прослава во духот на добрососедскиот дијалог и солидарноста меѓу Бугарија и Македонија и во перспективата на заедничката европска иднина.

Инаку, Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.

По настанот, средба во Дојран ќе остварат македонскиот претседател Ѓорге Иванов и бугарскиот претседател Радев.

Македонија и Бугарија имаат континуиран политички дијалог и одлични билатерални односи што ги карактеризира традиционално пријателство, констатираа двајцата претседатели за време на официјалната посета на Радев на Македонија во февруари годинава. Иванов во јуни се очекува да престојува во возратна посета на Софија.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја