На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје.
Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година
На патниот правец Гостивар – Охрид од 1 јули 2013 има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 септември 2013 година.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.