На автопат Куманово – Скопје – Велес санкционирани 90 возачи за брзо возење

Од:

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска во периодот од 09 до 15 часот спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 90 возачи.

Според информациите од МВР, од санкционираните, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час поголема од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, порачуваат од Министерството.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево