На „Ало докторе!“ за два дена 200 повици

Од:

На телефонската линија за медицински совети 15123 – „Ало докторе!“, изминатите два дена, на 19 и 20 септември, до 22 часот имало 200 повици.

Како што соопшти Здравствениот дом Скопје, најголем број од јавувањата биле во врска со здравствен совет за покачена телесна температура, респираторни и кардиоваскуларни симптоми поврзани со променливите временски услови.

Во текот на јавувањата сите граѓани добиле соодветен здравствен совет, а на оние на кои им било потребно, добиле и соодветна симптоматска терапија. На двајца граѓани лекарите специјалисти им укажале да побараат Итна медицинска помош, на 194, поради здравствената состојба за која ја повикале телефонската линија за здравствен совет.

На телефонската линија „Ало докторе!“ од 18 до 22 часот биле дежурни д-р Билјана Илиевска-Поповска, директор на Институтот за ТБЦ, и д-р Тања Спировска, директор на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Наредните два дена во кол-центарот на 15123 дежурни ќе биде д-р Антони Новотни, директор на Клиниката за психијатрија, и д-р Ирена Кафеџиска од Клиниката за ревматологија.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски