Во Швајцарскиот град Цирих изутринава со нож бил избоден дваесет и седумгодишен македонски државјанин. Инцидентот се случил на аеродромот во Цирих, каде поради семејни недоразбирања бил нападнат со нож при што му биле нанесени повеќе убодни рани.
Македонскиот државјанин бил нападнат од членови на семејството на неговата сопруга, кои веднаш избегале од аеродромот.
Швајцарските медиуми пренесуваат изјави на очевидци кои велат дека човекот бил тешко повреден и врескал од болка додека интервенирале медицинските екипи кои подоцна го пренеле во болница.