На 23 мај ќе се одлучува за затворите на обвинетите за обидот за убиство на Села

Од:

Во Апелацискиот суд во Скопје на 23 мај ќе се одржи јавна седница за пресудата за седумтемина неправосилно осудени за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села. Судија известител во предметот е Сафет Кадрии.

Судијката од Основниот суд Скопје 1, Славица Андреевска, лани обвинетите ги огласи за виновни бидејќи со умисла се обиделе го убијат пратеникот Зијадин Села.

Според пресудата, најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски, а Кире Георгиевски и Александар Јаневски Тошта добија по 13 години затвор. По десет години и шест месеци затворски казни добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.

Никола Војминовски кој се наоѓаше во куќен притвор до правосилноста на пресудата избега и се` уште е недостапен за органите на прогоот.

За обидот за убиство на Села првично беа обвинети 10 луѓе, но Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, а обвинението за Стојан Павлевски и Цејо Ѓорѓиевски беше преиначено во насилство, па откако признаа вина, беа осудени на три, односно една година и два месеци затвор.

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Влен: Зијадин Села е жеден за внимание

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Села: Европски фронт нема да го поддржи законот за правична застапеност

Катерина Ѓуровски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини