На 22 август почнува судењето за Чавков и пратениците за крвавиот четврток

Од:

Првото рочиште за крвавиот четврток, судијката Добрила Кацарска го закажа за 22 август, соопшти кривичниот суд во Скопје.

„Првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.08.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот“, се вели во соопштението на судот.

Инаку, за овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинети се 30 лица, меѓу кои и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и пет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“