На 18 август почнува седницата за менување на уставот – гласањето може да се одложи вели Џафери

Од:

За 18 август е закажана пленарната седница за уставните измени, која треба да трае не повеќе од 10 работни дена.

Чинот на гласање не е врзан за последниот ден, така е според деловникот изјави претседателот на собранието Талат Џафери.

– Собранието одлучува само доколку има потребно мнозинство за одлучување. Чинот на гласање или ќе биде по расправата или ќе е одложено, но тоа ќе зависи од моменталната ситуација, вели Џафери.

„Можно е за уставните измени кога ќе дојдат на пленарна седница да се исцрпи расправата, но да се одложи гласањето додека не се обезбеди потребното мнозинство од 80 гласа. Се зависи од моменталната состојба односно дали ќе има обезбедено 2/3 мнозинство. Ова не е ништо ново бидејќи имало вакви случаи и за закони“, додаде Џафери.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието