На 1 март Протест за морал, разум и свест против назначувањето на Талат Џафери за министер

Од:

Најавен е протест пред Владата на 1. март како револт на назначувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.

Ние не сме Партија, ниту сме биле, ниту некогаш планираме да бидеме. Ние сме оние обичните граѓани на оваа држава, од кои на секои избори ја барате довербата за да ја легитимирате демократијата. Но почитувани нема демократија таму каде што се гази и гуши моралот, разумот, и свеста, велат креаторите на настанот на Фејсбук.

Почитуван Премиер на Република Македонија, господине Никола Груевски во 2006 година вие дадовте збор дека нема да ја следите погубната политика на вашите претходници, дека нема да ги продавате интересите на својот народ, напротив ветивте дека од петни жили истите ќе ги браните. На тој основ на неколку изборни циклуси по ред вие ја побаравте подршката од тој народ и истата ја добивте.

Со поставувањето на поранешниот командант на 116 бригада на УЧК, пратеникот Талат Џафери, за Министер за Одбрана на Вооружените Сили на Армијата на Република Македонија вие најбезобразно го погазивте тој ваш збор. Ја изневеривте довербата на вашиот сопствен народ и во функција да одлучува за неговата одбрана сигурност и безбедност поставивте човек кој покажал и докажал дека е подготвен и македонска крв да разлее за да ги оствари своите планови.

Никаде Рамковниот договор не ве обврзува на такво нешто.

Почитуван премиер, крвта на македонските бранители, раните, лузните, и емоциите на македонскиот народ од конфликтот во 2001 се сеуште свежи. Доволна е болката од Слупчане кога со армиски униформи се поклонија на гробовите на убијците на нашите браќа, доволен е расколот во армијата по етничка линија за тој да се продлабочува уште повеќе. АРМ повеќе не смее да салутира и капитулира пред оние кои ги убиваа, палеа, и масакрираа. УЧК не смее да биде надреден орган на АРМ. Не смеете да дозволите личните ситно партиски интереси и матерјален бенефит да бидат бедемот и темелот на кој ќе се гради оваа нација. Во спротивно таа е осудена да пропадне.

Без да напаѓаме никого, без никого да етикетираме затоа што силно верувам дека и кај вас луѓето во таа владина зграда има разбирање за нашиот револт. Делби не сакаме, потребно ни е обединување и на оние од Илинденска да им кажеме.

ПОГРЕШИВТЕ, НЕ НАВРЕДИВТЕ, НЕ ИЗИГРАВТЕ, Човечки е да ја признаете грешката и истата да ја исправите. Тоа ќе биде заедничка победа на сите Македонци не на поединци. Во спротивно губитници ќе бидеме сите а потсмевот кон нашата армија и држава ќе стане се посилен.

Против вашата морална криза
Цела Македонија е плоштад
Нема да се одмараме
Ниту за еден ден
КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН
ОТПОРОТ СТАНУВА ДОЛЖНОСТ
Вистинска демократија
Директна демократија
Наскоро доаѓа
На плоштад близу тебе

ЕВОЛУЦИЈА ВО РЕВОЛУЦИЈА

ДОСТА БЕШЕ – РАЗБУДИ СЕ – НЕ СПИЈ ТИ

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори