А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

На 1.667 мигранти издадени потврди за барање азил

by А1он31/12/2015 - 11:26201
Share0

Во последното деноноќие на 1.667 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Од нив 688 се од машки пол, 343 од женски, 624 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 12 деца кои патуваат без родител.

Следете a1on на Instagram Instagram

Најголем дел од нив се државјани на Сирија-786, Авганистан–411 и Ирак-470.

Од 19 јуни годинава до денеска на вкупно 384.481 странски државјани им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил, од кои 207.398 се од машки пол, 65.076 од женски, 93.892 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 18.115 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-214.266 потоа Авганистан-94.912, Ирак-53.862, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Следете a1on на Youtube YouTube

До Секторот за азил во последното деноноќие поднесени се две барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на државјани на Палестина.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 86 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, од кои 56 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, четири барања се од државјани на Палестина, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 26 баратели од кои 16 мажи, две жени и осум деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, осум баратели на азил (двајца мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

migranti

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео