А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗШВ: Во транспарентна и законска дисциплинска постапка е утврден основот за носењето на Решение за престанокот на работниот однос на државниот советник

by А1он14/12/2018 - 17:33214
Share0

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на денешната прес конференција на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во која што, како што соопштува МЗШВ, тој изнесува груби невистини во врска со донесената одлука на Министерството за престанок на работниот однос на државниот советник Цветaн Трипуновски.

Следете a1on на Instagram Instagram

МЗШВ потенцира, дека целата процедура за покренување на дисциплинска постапка за државниот советник Цветaн Трипуновски е водена траспарентно, согласно законските прописи.

„Од страна на Државниот секретар на МЗШВ донесен е Предлог за покренување на дисциплинска постапка и формирана е Комисија за водење на дисциплинска постапка. Комисијата утврди дека државниот советник Цветан Трипуновски е одговорен за сторен дисциплински престап по член 73 став 1 точка 22 од Законот за административни службеници, кој што предвидува однесување спротивно на одредбите на Кодексот на административни службеници. Во Кодексот за административни службеници јасно стои: „Административниот службеник во службата, во приватниот живот и во јавноста се однесува достоинствено и не постапува на начин со кој би се нарушил неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина. Во своето однесување и дејствување надвор од работата, во претставувањето на јавни настани, на социјалните мрежи или во каков било друг облик на комуникација, административниот службеник претставува пример за соодветно и достоинствено однесување, а во јавните настапи во кои не ја претставува институцијата не изнесува податоци од делокругот на работа на институцијата и од работното место, со кои би се нарушил угледот на институцијата и би се поткопала довербата на граѓаните во администрацијата.“

Дека целата постапка е водена транспарентно, е фактот што на самата седница на Комисијата присуствуваше и државниот советник Трипуновски заедно со адвокат.

Следете a1on на Youtube YouTube

Одлуката за престанок на работниот однос на државниот советник Цветaн Трипуновски, Комисијата ја донесе врз основа на низа докази за постоење на дисциплинска одговорност по член 73 став (1) точка 22 од Законот за административни службеници. Поточно државниот советник Цветан Трипуновски со своето однесување на работната позиција, а станува збор за највисока раководна адмнистративна позиција, државен советник, го прекршил Кодексот, на начин што на одржаните прес конференции пренесувал информации и податоци кои произлегуваат од делокругот на работата на МЗШВ.

Тие информации, Трипуновски ги има изнесувано на своите прес конференции во форма на шпекулации, инсинуации и измислици во политички контекст. Изнесените податоци и информации имаат негативен карактер и истите несомнено имаат нанесено негативно влијание врз министерството како институција, неговите вработени и администрацијата во целост, притоа поткопувајќи ја довербата на граѓаните врз институциите на системот што е во директна спротивност со Законот за административни службеници, особено поради фактот што доаѓаат од страна на лице кое е дел од врвното раководство на една ресорна институција.

Воедно, изнесените информации особено од неговата работна позиција како државен советник, имаат директно влијание врз широката општествена јавност, целните ресорни групи, домашни и странски институции, а во случајов најголемо влијание имаат кон поткопување на довербата кај земјоделското население во државата, што и впрочем била крајната политичка цел. Како вработен во МЗШВ и како државен советник, Трипуновски имал можност како и секој друг административен службеник, согласно позитивната законска регулатива, административните процедури и добрата работна пракса, да упати директно барање како и да го изнесе своето лично и стручно мислење за севкупното ресорно работење на Министерството лично до министерот.

Но, таа можност од необјасниви причини, државниот советник Цветан Трипуновски, во ниту еден момент од своето административно работење ја нема искористено и се нема произнесено во однос на проблематиката изнесена во рамките на неговите прес конференциите. Прекршувањето на законските одредби се јасни, и Решението за престанок на работниот однос не е поврзано со партиската определба на Трипуновски, туку со прекршување на законските одредби“, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

dpmnemzsv

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео