А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗШВ работи со полн капацитет, министерот е на своето работно место, будно се следи состојбата со пожарите

by А1он13/08/2017 - 17:01159
Share0

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека активно презема мерки и со полн капацитет ги извршува обврските за справување со пожарите. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е на своето работно место и e посветен на извршување на обврските во соработка со сите надлежни институции за справување со пожарите и превенција од појава на нови пожари.

Добивај вести на вибер

„Според последните информации од Центарот за управување со кризи, најголем дел од пожарите кои беа активни се изгаснати. Пред околу час и половина е локализиран и пожарот кај Крушево. Активни, но ставени под контрола и без опасност за ширење се пожарите во близина на манастирот Трескавец и населените места Мажучиште, Мараморани и Горно Село, кај селата Крушевица и Бонче, селото Никодин, и пожарот на м.в.Фрлогоец (Женска планина) на Бистра Планина.

Координативното тело за кризна состојба во која член е заменик-министерот за земјоделство Власте Димковиќ, секојдневно одржуваат состаноци, на кои се даваат насоки и наредби за справување со пожарите.

Согласно Законот за шуми, по барање на ЈП Македонски шуми на 11.07.2017 година, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, даде согласност за делумна забрана за движење во шумата или во одделни нејзини делови, во период од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година. Одлуката се донесе пред да отпочне сезоната на шумските пожари, а откако се активираа поголем број пожари, министерот Николовски даде согласност за целосна забрана за движење во шумите или во одделни нејзини делови за периодот 05.08.2017 година до нејзино отповикување. Истовремено министерот Николовски им наложи на Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Шумската полиција, да ги зајакнат контролите на терен. Како министерство, будно ја следиме состојбата со пожарите и работиме на превенција од појава на нови пожари. Владата на Република Македонија во иднина ќе спроведе крупни реформи во системот за справување со кризи“ се вели во соопштението на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

mzsv

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:11

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Горан Наумовски08/03/2024 - 13:21

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска31/08/2022 - 14:1931/08/2022 - 14:27

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска03/10/2021 - 12:47

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска01/07/2021 - 10:43

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска03/03/2021 - 12:3403/03/2021 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен