МЗШВ: Николовски продолжува да изнесува неосновани обвинувања

Од:

Дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски во недостиг на идеи за подобрување на состојбите во земјоделството денеска повторно се обиде да манипулира со јавноста изнесувајќи неосновани обвинувања, со цел да добие ситни политички поени. Ова се наведува во денешната писмена реакција од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на изјавата на Николовски во врска со користењето на програмата „Јапонска помош“.

– Во обид да обвини за наводни незаконски исплати на субвенции на фирмата „ЗЕМСИЛ“, Николовски со одлуката на Комисијата од 15 јануари оваа година, дека фирмата е должник, ја оспорува исплатата на субвенции за 2014 година, стои во соопштението.

Од МЗШВ информираат дека на „ЗЕМСИЛ“ како земјоделско стопанство кое се занимава со земјоделство му следуваат субвенции и поволности кои ги овозможува Владата, па и користење на средствата од Јапонскиот фонд. – „ЗЕМСИЛ“ за 2014 година редовно ги има исплатено сите рати за купената механизација, така што тука нема никакви злоупотреби, се додава во соопштението.

Од МЗШВ посочуваат дека злоупотреби нема и во наредниот период бидејќи во 2015 година биле направени измени во Законот за земјоделство и рурален развој, со кои се дозволува компензација на неплатени долгови на земјоделските стопанства спрема МЗШВ, каде што влегуваат и неплатените долгови од јапонската помош. – Тоа значи дека доколку „ЗЕМСИЛ“ не ги платил ратите за лани, тие ќе му бидат компензирани (наплатени) од субвенциите за 2015 година и тоа со законска затезна камата. Со таа компензација ќе биде исплатен целиот долг од Јапонската помош, се додава во соопштението.

Од сето ова, како што велат од Министерството, се гледа дека не само што нема криминал и злоупотреби, туку и „ЗЕМСИЛ“ е едно од земјоделските стопанства кои редовно и во целост ги исплаќаат своите обврски кон државата.

Тоа, според МЗШВ, не може да се каже за фирмите кои добиваа помош од државата во времето кога со Министерството за земјоделство раководеше СДСМ.

– Во тој период, односно кога министер за земјоделство беше Славко Петров, 2002-2004 година, беа направени најголемите злоупотреби со јапонската помош, при што земјоделски стопанства преку невалидни документи добиваа механизација од јапонската помош. Таков е случајот со 50-ина трактори за кои е потпишан договор на кој стои само име и презиме, без матичен број, без печат од МЗШВ и без архивски број. Штетата за државата од овој криминал е речиси осум милиони денари, плус камата, кои нема начин да се наплатат, се истакнува во соопштението од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп