МЗШВ: Николовски покажа елементарно непознавање на ловството

Од:

Со денешната  прес-конференција дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски покажа елементарно непознавање на ловството и другите сектори во земјоделството или погрешно е брифиран и информиран од неговите советници, реагира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, постапката за доделување на дивечот во ловиштата со концесија се врши по пат на јавен повик каде детално се опишани потребните материјално-технички услови на понудувачот и почетната цена на електронското наддавање согласно ловостопанската основа.

– Постапката за давање на дивечот во ловиштата се спроведува во две фази. Во  првата, понудувачите доставуваат лични, професионални и финансиски услови кои треба да ги исполнуваат, во кои покрај другите задолжително треба да достави изјава заверена на нотар дека ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство, поточно поилици, ловечки куќи, огради за дивеч, хранилишта и др., како и теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација. Исто така понудувачот има обврска за вработување на најмалку едно стручно лице со завршено високо или средно образование од шумарска струка и обврска за формирање на ловочуварска служба, што е услов да се премине во втората фаза, а тоа е електронска јавна аукција, потсетува МЗШВ.

Во електронската јавна аукција, наведува Министерството, учествуваат понудувачите кои ги исполнуваат условите од првата фаза.

– Се поставува прашањето, каде дополнителниот заменик-министер ја гледа корупцијата во оваа постапка кога за најповолен понудувач се смета учесникот на јавното електронско наддавање кој понудил последна цена и која претставува највисока цена за доделување на дивечот во ловиштето на користење по пат на концесија во електронскиот систем? Паѓаат во вода лагите на дополнителниот заменик-министер дека не се земаат предвид стручните и материјално-техничките можности на понудувачите, посочува МЗШВ.

Во врска со ловечкиот испит, Министерството нагласува дека се полага пред стручна комисија што ја формира министерот за земјоделство, заради проверка на потребното стручно знаење од областа на ловството, исто како и во постапката за доделување на дивечот во ловиштата, за да се избегне човечкиот фактор во Законот за ловството е предвидено испитот да се полага по електронски пат.

– Министерството за земјоделство не застанува тука. Веќе се одржаа неколку јавни расправи за подобрување на Законот за ловство и измените се во процедура. Доколку Николовски има конкретни и издржани предлози за подобрување на состојбите за стопанисување со дивечот, добро е да ги достави до надлежните стручни лица во МЗШВ, а не на прес-конференција да внесува конфузија во јавноста, посочува Министерството за земјоделство во реакцијата.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп