МЗШВ: Не се сторени повреди на законските прописи, ниту има судир на интереси

Од:

Не се работи за злоупотреба на службена положба, туку за чистење на 105 километри каналска мрежа на цела територија на Република Македонија,  за што беше спроведена електронска јавна аукција, реагира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната кривична пријава што ја поднесе дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски против министерот Михаил Цветков.

– Кои канали ќе се чистат беше одлука на водостопанските претпријатија согласно изработените елаборати и од нивна страна е распишан тендер на кој се јавија 15 оператори. На спроведената електронска јавна аукција, најниска цена понудија четири фирми, меѓу кои и АД Силекс, по што, со одлука на комисијата е изготвен договор со нив согласно тендерските услови и најниската цена, стои во реакцијата.

За тврдењата, пак, што ги изнесе Николовски, обвинувајќи го министерот Цветков за судир на интереси, МЗШВ објаснува дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, веднаш по стапувањето на функцијата, побара да биде разрешен од позицијата член на Управниот одбор на А.Д. Силекс, но откако не доби таков документ, до Државната комисија за спречување корупција достави изјава заверена на нотар дека не е член на УО на ова акционерско друштво. 

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, веднаш по стапувањето на оваа функција, поднесе две барања до Собранието на А.Д. Силекс за негово разрешување од член на Управен одбор. Откако не добил документ за негово разрешување, министерот, согласно Закон, до Државната комисија за спречување корупција достави изјава заверена на нотар дека не е член на УО на ова акционерско друштво, пишува МЗШВ и додава дека не се сторени повреди на законските прописи кои ја уредуваат оваа материја.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме