А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗШВ: Краставиците безбедни, имаат 25 пати помалку пестициди од дозволеното ниво

by А1он12/04/2016 - 16:4812/04/2016 - 16:48272
Share0

Краставиците увезени од Албанија се безбедни и содржат 25 пати помалку активна супстанца од дозволеното ниво, рече денеска заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски кој попладнево, на прес-конференција, придружуван од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и директорката на Државната фитосанитарна лабораторија Сузана Кратовалиева, го демантира обвинувањето на дополнителниот заменик Љупчо Николовски, дека во Македонија се увезени краставици од Албанија со пестициди двојно повеќе од дозволеното.

Добивај вести на вибер

Обвинувањата на Николовски, рече Костадиновски, се тенденциозни, со единствена цел, преку ширење лаги, паника и страв кај граѓаните, СДСМ да се претстави како спасител и да собере политички поени.

– Јавно ја демантирам информацијата на дополнителниот заменик министер дека во примерок од краставици кои ги доставил до Државната фитосанитарна лабораторија е пронајдено количество на пестициди двојно поголема од законски дозволената. Николовски откако е дојден на функцијата има за цел да сее страв и паника меѓу граѓаните, без притоа да понуди добар, конкретен проект или идеа, нагласи Костадиновски.

Според него, Николовски ќе мора да каже каков документ презентирал зашто оригиналниот, од Државната фитосанитарна лабораторија го покажува фактичкиот резултат.

Како што информира Кратовалиева, во Државната фитосанитарна лабораторија бил донесен примерок од краставица на 5 април годинава, а резултатите од анализата биле завршени за два дена, на 7 април.

– Примерокот е анализиран согласно стандардна европска акредитирана метода. Резултатот покажа присуство на 0,02 милиграми остаток од активната супстанца металаксил во килограм што е 25 пати помалку од дозволеното ниво кое изнесува 0,5 милиграми во килограм. Тоа значи дека краставиците се безбедни за консумирање, потенцира Кратовалиева.

Ширењето дезинформации, додаде, е директен напад на институцијата во која граѓаните имаат доверба. – Информациите кои ги посочува Николовски се алармантни, но не се точни и имаат сосема друга позадина. Никогаш досега не се случило да се добие резултат над максимално дозволените граници, а притоа да не бидат информирани релеваннтите институции и веднаш да не се постапи согласно законските процедури. Ниту еднаш досега, не е дозволено незбезбеден земјоделски производ или негова преработка да биде пуштена на пазарот, подвлече директорката.

Директорот на АХВ Поповски додаде дека Николовски со денешното обвинување уште покажа тотално непознавање на материјата за која зборува, но и дека работи на собирање политички поени од граѓаните преку ширење лаги, страв и паника.

Државната фитосанитарна лабораторија веќе две години е вклучена во меѓународни тестирања и е меѓу 6-то и 8-мо место на најдобрите во Европа.

mzsv

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Горан Наумовски12/09/2024 - 11:11

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

Горан Наумовски08/03/2024 - 13:21

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска31/08/2022 - 14:1931/08/2022 - 14:27

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска03/10/2021 - 12:47

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска01/07/2021 - 10:43

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска03/03/2021 - 12:3403/03/2021 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен