Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во врска со денешната изјава на дополнителиот заменик министер Љупчо Николовски, преку соопштение ја информира јавноста дека ниту попречувале, ниту имаат намера да попречуваат некоја судска постапка.
– Како што кажавме и претходно, МЗШВ ќе ги почитува сите одлуки на судските инстанци кои ќе имаат крајна правна разрешница, стои во соопштението.
Во овој момент, сите обвинувања на дополнителниот заменик министер, како што е наведено во соопштението, се во делот на шпекулации и затоа нема да бидат коментирани од страна на Министерството.
– Уште еднаш го повикуваме Николовски да се произнесе за договорите кои за закуп на државно земјоделско земјиште ги имаат кумашинот на Зоран Заев, пратениците на СДСМ и нивните фамилии. Јавноста има право да знае за колкави површини станува збор, како и за висината на годишните субвенции, кои истите ги добиваат, се вели во соопштението од МЗШВ.