МЗШВ: Исплатени 93,2 отсто од винското грозје од ланската реколат

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека од реколтата 2015 година од страна на винарските визби вкупно се откупени 154.248 тони грозје со вкупна вредност од речиси 32,3 милиони евра. 

Заклучно со 3 мај исплатени се 30,1 милиони евра или 93,21% односно а неисплатени се 2,2 милиони евра, што претставува 6,79% од вкупните обврски по основ на откупеното грозје, се наведува во соопштението от МЗШВ.

Досега 45 винарии во целост го исплатиле откупеното грозје од реколтата во 2015 година, а две винарски визби – „Повардарие„ и „Гарланд Агрофуд“ имат долг кон лозаропроизводителите. Винарската визба „Повардарие“ од Неготино досега исплатила 2.689.038 евра или 84 %, а за повторен упис во Регистарот на производители на вино покрај целосната исплата на долгот кон лозарите со пресметана камата, ќе треба да плати и казна од 52.858 евра што е 10% од вредноста на неисплатеното грозје, се наведува во соопштението.

Винарската визба „Гарланд Агрофуд“ од Кавадарци, како што се наведува, досега исплатила 803.802 евра или 33%. Според Законот за вино и оваа винарија за повторен упис во Регистарот на производители на вино покрај целосната исплата на долгот кон лозарите со пресметана камата, ќе треба да плати и казна од 166.207 евра што е 10% од вредноста на неисплатеното грозје.

Остварена просечна цена за откупено грозје од реколта 2015 година е 12,87 денари за килограм што во споредба со остварената цена за откупено грозје од реколта 2014 година (12,76 денари/кг) претставува зголемување од 1%, се посочува во соопштението од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

Николовски: Лозарите субвенциите ќе ги добијат пред „Св. Трифун“

Горан Наумовски

Лозарите бараат поголема поддршка од државата, велат дека винарите им ги нудат ланските откупни цени

Аплицирајте за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал