МЗШВ: Целосни информации за јапонската помош по завршување на работата на комисијата

Од:

Во врска со денешната изјава на дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште еднаш ќе потсети дека министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формираше посебна Комисија за „Јапонската помош“.

– Бидејќи се работи за обемен материјал, а имајќи предвид дека средствата од јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици и тоа почнувајќи од 1997 година, потребен е подолг период за прибирање на валидна документација, наведуваат од Министерството и додаваат дека по завршувањето на работата на Комисијата, ќе се има целосен увид во документацијата, по што ќе ги објават официјалните информации.

Информираат дека наводното писмено информирање на 30.09.2015 година – не постои, односно таква писмена информација не е доставена до министерот Цветков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска