МЖССП: Продолжуваат консултациите со јавноста за Нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

Од:

Поради неможноста да се спроведе класична расправа со физичко присуство Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека остатокот од процесот на јавна консултација на Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк ќе се реализира преку информативни презентации на национална и локалните телевизии, три фокусирани посебни консултации со релевантните целни групи/засегнати страни и средби со помали групи од руралните заедници со цел да се чујат нивните размислувања.

– Во текот на наредните две недели ќе се се емитува информативна видео презентација на македонски и на албански јазик, согласно агендата за презентација на јавните расправи, во која ќе бидат споделени утврдените природни вредности и предложени зони од Студијата за валоризација на Шар Планина и претставен изработениот Нацрт-закон, како и упатства каде и како можат да се достават коментари и забелешки по Нацрт-законот. Информативното видео на двата јазика ќе се емитува во утрински и вечерен термин со претходна најава преку национална телевизија, локалните телевизии и профилите на социјалните мрежи на Министерството, информираат оттаму.

Од МЖСПП додаваат дека од 26 до 30 октомври ќе се спроведат три фокусирани посебни консултации со релевантните целни групи/засегнати страни – граѓанско општество – НВО (online), со градоначалниците од регионот каде се прогласува заштитеното подрачје, ЗЕЛС, со претставници на месните заедници (online) и со стопански комори и локален бизнис сектор (online).

– Од 26 октомври до 1 ноември ќе се спроведат директни средби (во помали групи) со руралната заедница на тема сослушување на локалните потреби и унапредување на традиционалните активности во идното заштитено подрачје. На 5 ноември ќе се одржи официјална јавна расправа (online) на ЗООМ платформа (со обезбеден симултан превод на двата јазика). Достапна е отворена телефонска линија во Архус Центарот за доставување на забелешки и коментари по Нацрт-законот: 070 666 230; 076 319 503 и 076 319 501, информираат од Министерството.

Испратено e писмено барање на мислење до сите утврдени засегнати страни и институции со упатување на линкот на кој е достапен Нацрт-законот (ЕНЕР и ВЕБ страницата на МЖСПП). Од Министерството потстуваат дека консултацииите со јавноста во целиот период се отворени. Нацрт- законот е достапен на ЕНЕР и на веб страницата на МЖСПП, а забелешки и коментари можат да се доставуваат постојано, а најдоцна до 15 ноември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Уште е активен пожарот на Шар Планина, гори букова шума во Чашка

Жителите да излезат и да ги бранат имотите, пожарот е проширен – повик од Националниот парк „Шар Планина“

ВИДЕО: Локализиран е пожарот на Шар Планина, гори на Баба

Катерина Ѓуровски

Со хеликоптер се гасне пожарот на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Во месноста Лешница на Шар Планина забележан рис

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски