МЖСПП: „Југохром“ доцни со активностите за еколошка дозвола

Од:

ХЕК „Југохром“  воопшто не почнал со  реализација на шест од вкупно 29 задолженија од Оперaтивниот план за усогласување со А-интегрирана еколошка дозвола за која доби прологирање на рокот до 31 октомври годинава.

Ова е утврдено при денешната посета на Комбинатот од страна на ресорниот министер Нурхан Изаири, директорот на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемед и стручни лица од Министерството.

Меѓу непочнатите активности, како што соопшти Министерството за животна средина,  е и изградбата на системот за отпрашување.

При посетата е направен мониторинг  на спроведувањето на задолженијата  од Оперативниот план за усогласување со А- интегрираната еколошка дозвола. Министерот Изаири  воедно извршил увид на работењето на системот за прочистување на отпадни води од депонијата на историскиот индустриски отпад од Југохром како и на прочистителната станица која е дел од овој систем и утврдил дека е во функција, соопшти по средбата Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он

Дислокацијата на тешката индустрија е логичен почеток за новиот ГУП – експертите за планот на Шилегов

Предраг Петровиќ

Истражување: Размножувањето на египетските мршојадци во заробеништво клучно за нивното преживување, на Балканот регистрирани само 46 пара

Ана Ололовска