МЗ: Здравствените установи се подготвени за евентуално зголемување на бројот на заболени од грип во земјава

Од:

Министерството за здравство соопшти дека будно се следат состојбите со грип во земјава и дека се подготвени за евентуално зголемување на бројот на лица заболени од оваа болест.

„Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, составена од стручни лица од надлежните здравствени установи, будно ја следат состојбата со грип во државата. Напоменуваме дека капацитетите на здравствените установи се доволни и за евентуален пораст на бројот на заболени од грип, што е очекувано за овој период од годината“, се наведува во соопштението.

Имајќи ги во предвид искуствата од претходните години, како што се посочува, очекуван е тренд на пораст, посебно во тек на февруари и март, кога ова заболување вообичаено е присутно со повисок интензитет.

Во врска со снабденоста со лекови, од Министерството информираат дека има доволно количини од лекот „тамифлу“, како и доволен број средства за дезинфекција и заштитна лична опрема.

Воедно, потсетуваат дека при првите симптоми на грип, потребно е граѓаните да се консултираат со стручните лица и да не користат лекарства на своја рака.

„Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата со грип во државата и јавноста навремено и постојано ќе биде информирана за тековната состојба. Заложба на Министерството и сите здравствени установи е што поуспешно менаџирање на предизвиците во сезоната на грип“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Болницата „Козле“ е без вода, децата ќе одат по други клиники

Катерина Ѓуровски

Граѓаните му пишуваат на министерот за здравство, најмногу за доцнење резултати

Здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за навремен одговор на евентуалните последици

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Медиумите да не ги снимаат и да не земаат изјави од повредените во Кочани, бара Министерството за здравство