МЗ: Вонредниот инспекциски надзор потврди дека сите МРП вакцини се со важечки рок

Од:

„Вонредниот инспекциски надзор кој во изминатите два дена го изврши комисијата формирана по барање на министерот за здравство, Венко Филипче, покажа дека сите МРП вакцини со кои се имунизираат децата се со важечки рок и целосно безбедни.

Надзорот изврши контрола во повеќе вакцинални пунктови и беа детално исконтролирани фабричките рокови втиснати на сите кутии и на внатрешните пакувања од страна на производителот. Утврдено беше дека сите вакцини се со важност до мај 2019 година, односно јули 2019 година.

Надзорот констатираше дека од страна на увозникот, компанијата Македонија лек бил направен технички пропуст. Имено, компанијата Македонија лек, кај мал број од пакувањата залепила стари декларации. Залепените декларации биле од претходниот увоз кој бил со важност до октомври 2018 година. За оваа констатација на инспекцијата ја информиравме и компанијата Македонија лек.

Родителите и граѓаните може да бидат спокојни и слободно да продолжат со редовната имунизација на децата. Вакцините во вакциналните пуктови се со проверен квалитет и безбедност и во исправен рок на траење“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство