МЗ: Во третманот на позитивни пациенти на Ковид-19, матичните лекари постапуваат по протокол на Инфективната клиника

Од:

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар кој преку „Мој Термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19 ги добива резултатите на пациентот и доколку на пациентот му се одреди домашно лекување точно ги знае насоките за негово следење.

– За пациент на домашно лекување, матичниот лекар постапува по претходно утврден и усвоен протокол на стручниот колегиум на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Согласно истиот, матичниот лекар има обврска да го контактира пациентот два пати во текот на денот, да го известува системот Мој Термин, кој потоа во форма на електронскиот извештај го испраќа во Министерството за здравство и до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, велат од Министерството за здравство.

Во системот на детекција и следење на пациентите со коронавирус, Министерството вклучи близу 1200 матични лекари.

– Граѓаните кои имаат симптоми типични за Ковид-19, како температура, треска, кашлица, отежнато дишење, треба да се јават телефонски кај нивниот матичен лекар, а не да одат во ординација. Матичните лекари преку епидемиолошка анкета ќе утврдат дали треба да бидат тестирани. Тестирањето го закажува матичниот лекар, преку системот „Мој термин“ со точно време и место за тестирањето, информираат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on