МЗ: Во Македонија нема инсулинска криза

Од:

„Во однос на написите во неколку медиуми, Министерството за здравство ја информира јавноста дека во Република Македонија НЕМА инсулинска криза.

Преку донација од компанијата производител се обезбедени доволни количества инсулин во земјава. Министерството ги уверува болните од дијабетес, кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни, бидејќи овој лек го има.

Исто така, сакаме да потенцираме дека проблемот кој го имавме неодамна, беше причина повеќе Министерството да почне со изработка на ново законско решение, процес кој веќе е во тек, односно веќе се работи на системско решавање на овој проблем и создавање предуслови, со кои ќе спречиме во иднина да се јавуваат вакви или слични проблеми, бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниту еден поединец во Република Македонија“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!