МЗ: ВМРО-ДПМНЕ изнесе бројни невистини, цените за детските кардиоваскуларни операции не се зголемени и остануваат бесплатни на товар на ФЗО

Од:

Министерството за здравство, најостро реагира до политичка партија ВМРО-ДПМНЕ за денешната прес-конференција, во која се изнесени бројни невистини за цените на детските кардиоваскуларни операции.

Вистината е дека ништо не е променето. Операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на Фондот за здравствено осигурување. Цените за детските кардиохируршки операции не се зголемени, велат од министерството преку соопштение.

„Тврдењата за наводно зголемување од околу 20% по процедура за детска кардиохирургија се целосно неосновани! Цената по процедура е иста во Клиниката Жан Митрев, како што беше и на детската кардиохирургија.

Потенцираме, операциите и понатаму остануваат бесплатни на товар на ФЗО.

Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите.“, е појаснето во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела