МЗ: Уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар

Од:

Министерството за здравство преку соопштение информира дека уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар.

„Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со исти симптоми- дијареа и изнемоштеност.

Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект.

Од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки“, се вели во соопштението на Министерството.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар

Ваљбон Лимани повторно e кандидат за градоначалник на Гостивар

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он