А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ со наредба за спроведување задолжителна самоизолација за граѓаните кои патувале од високо и средно ризични земји

by А1он16/03/2020 - 11:54571
Share0

Министерството за здравство донесе наредба за спроведување задолжителна самоизолација за секој државјанин на Северна Македонија кој влегува на гранични премини, а патува од високо и средно ризични земји утврдени со Листата на Светската здравствена организација (СЗО).

Добивај вести на вибер

– Врз основа на законските одредби и задолженија за утврдување мерки за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирусот Ковид-19, а заради заштита на населението од истиот, се издава наредба за спроведување задолжителна самоизолација за секој државјанин на Република Северна Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високоризични или средноризични земји утврдени со Листата на СЗО на денот на кој патникот влегува во државата, стои во објавата на веб-страната на Министерството за здравство.

Наредбата за спроведување задолжителна самоизолација, како што наведуваат од Министерството, секој државјанин на Северна Македонија ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин.

– Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација повлекува одговорност, се вели во објавата на Министерството.

На листата која Министерството за здравство денеска, заклучно со вчера ја објави на својата веб-страна, Кина, Италија, Иран, Јужна Кореа, Шпанија, Франција, Германија, САД, Швајцарија и Велика Британија се земји со високо ниво на ризик.

Средно ризични земји се Холандија, Шведска, Норвешка, Данска, Австрија, Јапонија, Белгија, Катар, Австралија, Канада, Малезија, Грција, Чешка, Сингапур, Бахреин, Финска, Израел, Словенија, Исланд, Ирска, Романија, Бразил, Индонезија, Кувајт, Португалија, Полска, Филипини, Индија, Саудиска Арабија,Египет, Ирак, Либан, Сан Марино, Обединети Арапски Емирати, Естонија, Тајланд, Чиле и Виетнам.

Северна Македонија е меѓу земјите кои се со ниско ниво на ризик.

koronavirus mkdmz

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен