МЗ: Секој лично ќе одговара за смртта на родилката во Гевгелија

Од:

Во врска со одржаната прес конференција на СДСМ, во продолжение е реакција од Министерството за здравство:

За случајот во гевгелиската болница веќе се преземаат сите потребни мерки од страна на надлежните институции. Апелираме дека е неприфатливо критиката да се генерализира за сите здравствени работници, односно сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош поради двајца комплетно неодговорни доктори.

Не може да се лоцира колективна одговорност за лична непрофесионалност и неодговорност. Секој лично треба да одговара, и ќе одговара за своите постапки во законска процедура.

Крајно неодговорно и ниско е да се злоупотребува трагедија на едно семејство и смрт на млади луѓе за политичко поентирање.

Исто така, неодговорно е сите да бидат обвинети за грешка, пропуст, па дури и тотална неодговорност за што има сериозни индиции во овој случај, кога тоа е сторено од поединци.

Одговорноста секогаш е персонална и никој не смее да се крие зад колективна одговорност, ниту пак кога се знаат виновниците или има сериозни основи за сомневање за виновниците, да се напаѓаат сите здравствени работници и целиот здравствен систем.

Виновниците за оваа трагедија мора да одговараат и да ја платат цената на својата неодговорност, во постапка предвидена со закон.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи