МЗ: Преземени активности во врска со двата смртни случаи од вирусна хеморагична треска

Од:

„На 26.07.2017 година по известување од директорот на Клиниката за инфективни болести за два смртни случаи од исто семејство сомнителни за вирусна хеморагична треска, беше одржан итен состанок на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. На Комисијата беа донесени заклучоци за итно постапување и согласно истите се спроведоа следните активности

– Епидемиолог од ИЈЗ веднаш изврши увид на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, при што констатира дека се примени 4 пациенти кои се роднински поврзани со починатите и биле во контакт со нив. Лицата се изолирани на посебен оддел, а одредени се двајца доктори опремени со лична заштитан опрема кои се одговорни за грижа за пациентите. Во моментот на увидот лицата се наоѓаат во добра општа состојба, сите се по потекло од с. Симница, а ги поврзува престој на бачилото каде што работеле/престојувале и починатите лица.

– Материјалите за лабораториско испитување се доставени во ИЈЗ, втор примерок испратен во Косово, трет примерок во Тирана

– Формиран е тим во следниот состав во состав: Прим. Д-р Гордана Кузмановска и Др. Кристина Ставридис (епидемиолози од ИЈЗ РМ), Д-р Насер Ракипи (претставник од ДСЗИ), Д-р Сузана Субашиќ (епидемиолог од ЦЈЗ Тетово), Јовица Митровски и Муарем Незири санитарни техничари од ЦЈЗ Тетово и ПЕ Гостивар и Д-р Берон Мустафи, специјалист по Хигиена од ПЕ Гостивар., го посетија селото Симница.

– Извршен е епидемиолошки увид, анкета на домаќинствата од починатите, извршена дезинфекција и дератизација во домовите и околината на починатите лица, земени мостри од водата за пиење, извршена едукација за лични превентивни мерки и совет за јавување на лекар при појава на први симптоми на болест. Добиен податок дека починатите и поголем дел од семејството работеле и често престојувале на свое приватно бачило.

– Од страна ан ИЈЗ подготвена е брошура за здравствените работници со цел освежување на знаењата во врска со вирусните хеморагични грозници, поставена на веб страна на ИЈЗ и доставена до центрите за јавно здравје за споделување со матични лекари и други здравстевни работници

– Од страна ан ИЈЗ подготвена е брошура за општата популација, поставена на веб страна на ИЈЗ и доставена до центрите за јавно здравје, со цел споделување на истите со населението

– На 27.07.2017 година во 10 часот оджан е втор состанок на Комисијата за заразни болести, добиен податок за хоспитализацуија на 3 нови случаи.

– Извршен увид на Клиника за инфективни болести, земени податоци од историја на болест, пациентите не биле присутни во моментот на увидот.

– Инспектор од Агенцијата за храна во соработка со претставници на Факултетот за ветеринарна медицина и надлежно Ветеринарно друштво направија теренски увид во бачилото при што е констатирана добра општата здравствена состојба на добитокот, земени се примероци од крв за серолошко испитување, како и сирење за лабораториска анализа.

– Тимот од експерти од областа на здравството повторно излезе на терен и го посети бачилото во месноста наречена Буковиќ, во близина на преминот Стража. На бачилото не се затекнати ниту лица ниту овци. Извршена е дезинфекција во затворениот објект, во отворениот објект и неговата непосредна околина како во близина на магацинот.

Исто така, дезинфекција беше направена и на пошироката околина во самиот ограден простор и околу него.

На 27.07.2017 година во 16 часот одржан е трет состанок на Комисијата за заразни болести

– Добиени се серолошки позитивни резултати за присуство на хантан вирус кај починатите лица.
На 28.07.2017 година

– Од страна на Центарот за јавно здравје Тетово и подрачна единица Гостивар со 5 екипи, извршена е комплетна дезинфекција и дератизација на сите објекти (домови, штали , околина) во селото Симница“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада