Министерство за здравство: Обезбедуваме дополнителни болнички капацитети за болните од Ковид-19

Од:

Министерството за здравство денеска информира дека и покрај големиот притисок врз болниците во државата, кои се побрзо се исполнуваат со ковид-пациенти, обезбедени се слободни места на повеќе клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле, како и на интерните клиники.

-Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Оваа здравствена криза погодена од третиот и, како што стои во дописот – можеби најсилен бран досега, е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа.

-Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците, се потенцира во соопштението.

Министерството за здравство упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот Ковид-19 и ги повикува секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со коронавирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година.

Претходно денеска Министерството соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1036 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1739 и има околу 220 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска