А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ: Нема опасност од појава на „мајмунски сипаници“, институциите ја следат ситуацијата

by А1он26/09/2018 - 16:55280
Share0

Во моментов нема опасност од појава на вирусот „мајмунски сипаници“ во Македонија, информираат од Министерството за здравство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Посочуваат дека во континуитет преку Комисијата за заразни болести ја следат состојбата со заразни болести во државата, а секако и актуелните случувања со мајмунска сипаница во регионот и држави од Западна Европа.

Членовите кои се во оваа Комсиија, вклучувајќи претставници од Клиниката за инфективни заболувања, Институтот за јавно здравје, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, како и останатите стручни институции, се во постојана координација и во моментов нема ризик од ова заболување. Сепак, институциите се подготвени за соодветна нега во случај на заболени лица, посочуваат од Министерството.

Месецов се регистрирани првите два случаи на „мајмунски сипаници“ кај луѓето, пријавени во Европската унија односно во Обединетото Кралство. Двата случаи не се поврзани меѓусебно, но и двата имаат неодамнешна историја на патување во Нигерија. Од 17 септември, досега, во земјите на ЕУ не се пријавени нови случаи.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Мајмунските сипаници“ се ретка вирусна болест која на луѓето се пренесува од животни која и се јавува првенствено во делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.

Болеста е слична со големата сипаница, има поблага клиничка форма, но сепак може да заврши со смртен исход. Периодот на инкубација е вообичаено од шест до 16 дена, но може да варира од пет до 21 ден, зависно од патот на трансмисија и начинот на експозиција.

Почетните сиптоми вклучуваат треска и зголемување на лимфните јазли, проследени со ситно-зрнест исип кој минува низ неколку фази. Болеста е најчесто само-ограничувачка, а заболените се опоравуваат за неколку недели (најчесто 14-21 ден). Во некои случаи може да се појави во тешка форма, особено кај лица кои имаат едно или повеќе хронични заболувања или нарушување на имунитетот од различни причини.

majmunski sipanicizdravstvo

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ01/10/2026 - 14:3301/10/2026 - 15:13

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Предраг Петровиќ30/09/2026 - 14:07

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:3714/09/2026 - 13:24

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 09:13

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Горан Наумовски30/05/2026 - 15:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео