МЗ:Нема нови случаи со Конго кримска треска, граѓаните да се придржуваaт кон првентивните мерки

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека двајцата пациенти заразени со Конго-кримска хеморагична треска се стабилни. Лекарите велат дека најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Што се однесува до ризичните и помалку ризичните контакти со заразените, нема други суспектни случаи ниту пак кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, на последниот состанок што се одржа минатата седмица одлучија да препорачаат превентивни мерки за заштита на граѓаните од Конго-кримска хеморагична треска која се пренесува од каснување на крлеж. Преветивните мерки главно се однесуваат на информирање на граѓаните и на здравствените работници на кој начин се пренесува болеста и како да се заштитат од истата.

Превентивни мерки за заштита се:

1.Со облека покријте ги рацете, нозете и другите експонирани делови – врат, глава

2.Носете светло обоена облека за лесно да се забележи крлежот

3.Испрскајте ја облеката со спреј на база на синтетски пиретроид
*Внимавајте да не прскате од спрејот на кожата на откриените делови од телото

4.Обезбедете репелент против крлежи и инсекти кои можат да се нанесуваат на гола кожа

5.По престој во природа направете детална проверка на своето тело и облека, како и на телото и облеката на вашите децата.
*Посебно внимание посветете им на влакнестите делови од телото, каде крлежите најчесто се закачуваат, вклучително и главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата. Крлежите исто често се закачуваат во прегибите на телото (во пазувите, во препоните, под градите кај жените, стомачните прегиби и сл);

6.Контролирајте ги домашните животни за присуство на крлежи

7.Избегнувајте региони каде се присутни крлежи и делови од годината кога се тие најактивни

8.Носете ракавици и друга заштитна облека додека ракувате со животни

9.Избегнете близок физички контакт со лица заболени од ККХТ

10.Носете ракавици и заштитна опрема кога се грижите за болните луѓе

11.Редовно мијте ги рацете со вода и сапун после активностите за грижа/нега или посетата на болните луѓе.

На состанокот што се одржа по иницијатива на министерот за здравство д-р фатмир Меџити, членовите на Комисијата изготвија информација до Владата на Северна Македонија за организирање на акциски план во кој ќе се направи прво проценка на преваленцата, за зголемено присуство на крлежи по различните региони и таму каде што ќе бидат детектирани се планира да се направи дезинсекција која е клучна превентивна мерка.

Министерството за здравство апелира до населението дека простор за паника нема, ККХТ не се пренесува лесно, туку еиднствено по каснување од крлеж заразен со вирусот. Како најизложени на оваа опасност се риболовците, ловците и сточарите за кои укажуваме деа треба да бидат иклучиво внимателни и да ги почитуваат препораките за превенција. Друга голема група изложена на ризик се здравствените работници, заради контакт со телесните секрети – крв, тие треба да се заштитуваат со ЛЗО при контакт со сомнителни случаи.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство