МЗ: Институтот за трансфузиологија располага со доволно количества фактори за коагулација

Од:

Министерството за здравство денеска соопшти дека Институтот за трансфузиона медицина располага со доволни количества од факторите на коагулација за возрасните лица болни од хемофилија.

– Сите центри и региони во Македонија за трансфузиона медицина располагаат со потребните количини на фактори на коагулација до крајот на годината. Дополнително, во рамките на Централна Аптека при Институтот за трансфузиона медицина, се располага со доволни количества на резерва на фактори на коагулација доколку се појави дополнителна потреба за покривање. Од друга страна, децата кои се на профилакса ќе бидат покриени со соодветната терапија со цел да не се доведе ниту еден живот во опасност. Министерството за здравство остварува чести средби со таргетираните групи и останува отворено за соработка, со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат, се наведува во соопштението од Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!