Нови директори на три јавни здравствени установи, разрешени економските директори на повеќе ЈЗУ

Од:

Министерството за здравство соопшти дека минатата недела биле именувани директори на неколку јавни здравствени установи и се разрешени економските директори во повеќе ЈЗУ.

За директори се назначени Салија Љатиф на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Ангелчо Андоновски на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, а Филип Гучев на Универзитетска клиника за ревматологија.

Од Министертвото информираат дека во Психијатриската болница Бардовци останува досегашниот директор, Ќамиљ Ковачи.

Разрешени се економските директори на клиничките болница во Тетово и во Штип, на универзитетските клиники за радиотерапија и онкологија, за кардиологија, за кардиохирургија, за клиничка биохемија, за неврохирургија, за дигестивна хирургија, за пластична хирургија, за торакална и васкуларна хирургија, за гастроентерохепатологија и на ТОАРИЛУЦ.

– Во врска со именувањата на директори во јавните здравствени установи стоиме зад донесените одлуки и веруваме дека заеднички со овие кадри ќе ја реализираме нашата визија за подобро здравство за сите граѓани на Република Македонија. Напоменуваме дека редовно ќе ја следиме работата на новите ВД директори и ќе реагираме доколку изостануваат очекуваните резултати, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство