МЗ: Граѓаните од Скопје над 40 години кои не добиле термин за вакцинација, да проверат кај матичниот лекар

Од:

Од Министерството за здравство тврдат дека сите граѓани од Скопје над 40-годишна возраст кои се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, имаат добиено термин за вакцинација, а во случај да не добиле, тогаш треба да се обратат до својот матичен лекар бидејќи најверојатно станува збор за техничка грешка.

„Сите граѓани од Скопје над 40 години кои уредно и точно ги пополниле податоците на vakcinacija.mk имаат добиено термин за вакцинација. Граѓаните над 40 години кои се пријавиле на vakcinacija.mk , а не добиле порака за термин, да проверат кај матичниот лекар за терминот за вакцинација, бидејќи имаат искреирано термин, но најверојатно поради некакви технички причини (погрешен телефонски број, или меил) не добиле смс или електронска порака дека имаат термин за да се вакцинираат“, велат од Министерството за здравство.

Објавата доаѓа откако голем број граѓани од Скопје над 40 години викендов добија смс-пораки со термини за вакцинација, но и многу реагираат дека иако се пријавиле на веб-страницата, немаат термин.

Инаку, од останатите градови, се очекува во наредните три дена термин да добијат граѓаните над 40 години кои се пријавиле на vakcinacija.mk.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска