А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ: Епидемијата на морбили е поради изгубената доверба во здравството и паралелниот увоз на лекови

by А1он27/01/2019 - 14:35176
Share0

Министерството за здравство реагира на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со морбили (мали сипаници) е под контрола, преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата.

Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје.

Заради комплетно изгубена доверба во јавното здравството, паралелен увоз на лекови и негрижа од здравствените власти, епидемијата на морбили која беше искоренета во нашата земја, повторно се врати.

Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина.

Вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања. Вакцините се со одличен квалитет и се комплетно безбедни за употреба.

Нашата посветеност, позитивните кампањи за вакцинациија, како и гаранциите дека вакцините се безбедни, со рок на траење и проверен квалитет овозможи да имаме околу 4 400 вакцинирани деца за околу еден месец, што е одличен успех.

Ја подигнавме свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбилите (мали сипаници). Сите препораки, известувања и апели и сите мерки за заштита на населението се преземени навреме иако, во спротивно досега ќе имавме и смртни случаи“ се вели во реакцијата на министерството за здравство.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен