МЗ: Еден донор спаси четири животи

Од:

Од еден донор утрово се спасени четири животи, информираат од Министерството за здравство (МЗ) и посочуваат дека првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт.

-Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези. Дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму изразуваат благодарност до семејството на донорот кои, како што велат, со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина, а на пациентите кои добија органи им посакуваат брзо опоравување.

-Благодарност и до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство, велат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани се во релативно тешка состојба

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, 18 се во критична состојба

А1он

Верификацијата на телефоните за „Мој термин“ е еднократна објаснува Министерството

Катерина Ѓуровски