МЗ: Досега 1.079 деца примиле МРП вакцина

Од:

МРП вакцина вчера до 19 часот примило 21 дете. Досега се вакцинирани 1.079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти синоќа Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, а производител е компанијата Глаксо Смит Клајн од Белгија, посочуваат од Министерството.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, денеска ќе работат од 07:30 до 13 часот.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он