МЗ: Брошура за трудници со совети за одржување на здравјето и превенција од коронавирус

Од:

Од Министерството за здравство информираат дека во соработка со УНФПА и ХЕРА изготвиле препораки и брошура на македонски и на албански јазик за антенатална и интерпартална грижа, во услови на Ковид-19 и бременост.

Како што велат од МЗ, брошурата е наменета за трудници со совети за одржување на своето здравје и превенција од овој вирус, кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат со Ковид-19, дали трудниците се во поголем ризик од останатите, дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.

– Изготвени се и нови препораки наменети за здравствените работници за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со Ковид-19, со цел нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период. Тука има корисни совети за превенција на ширењето на инфекцијата со коронавирусот, како и оптимизација на прегледите на бремените жени за да не се изгубат придобивките од редовните антенатални контроли, а по потреба да се намали нивниот број и да се обезбеди превенција од заразување на пациентката со болеста КОВИД-19, соопштуваат од Министерството за здравство.

„Во рамки на препораките се вклучени и неколку алгоритми за олеснета прегледност на постапките, кои треба да се преземат кај пациентките суспектни или со потврдена инфекција со коронавирусот, и тоа во тек на антенаталните контроли, тријажа на пациентки со симптоми за КОВИД-19, хоспитализација на ризични пациентки, начин на завршување на породувањето и постпородилниот период“, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on