МВР: Жртвите на „Јавна соба“ да пријават злоупотреби, „Телеграм“ е затворен за соработка

Од:

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки“, велат од Министерството за внатрешни работи, откако беше обелоденето дека повторно е активирана групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде што се споделуваат експлицитни фотографии и видеа од девојчиња од Македонија, како и нивни телефонски броеви, без нивно знаење.

Од Министерството велат дека „Телеграм“ досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите.

„МВР презема активности за расчитување на случајот, а ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира цеосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја.Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај“, тврдат од Министерството.

Во трите новоотворени  групи на „Телеграм“ членуваат и по над 5 илјади членови – речиси сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат. Дел од членовите користат имиња на министри и бизнисмени, но невозможно е да се утврди дали истите се автентични доколку ги немате во својот именик.

Она што може да се види се ликовите на девојките чии фотографии се споделуваат. Дел од нив фотографиите ги споделувале со нивните партнери, дел на социјалната мрежа Инстаграм, но сепак, клучното е дека тие не дале согласност нивните имиња, презимиња, ликови, па дури и телефонски броеви да бидат споделувани со илјадници други луѓе.

Би можело да ве интересира

Телеграм ја прилагоди својата политика за приватност за да сподели повеќе податоци со властите

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Шефот на Телеграм Дуров останува во притвор во Франција

Катерина Ѓуровски

Уапсен сопственикот на Телеграм

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ